Големиот ден – роденден, помина и за убавата пејачка и докторка Симона Поповска која наполни 31 година како реализирана жена, сопруга и мајка.
Иако освен за работа, ретко објавува моменти од приватноста, овој пат направи роденденски преседан со тоа што на својот ден ги покажа и синчињата Никола и Стефан.
Облечена во бел тесен фустан со своите две најголеми богатства во рацете, Симона позираше пред розовата роденденска торта на која стои бројот 31.
View this post on Instagram
„Се чувствувам неверојатно благословено што го прославувам мојот роденден со не само едно, туку две неверојатни мали момчиња покрај мене. Секој момент со нив е скапоцен подарок и јас сум многу благодарна за љубовта и радоста што тие ги носат во мојот живот. Еве уште една година за создавање незаборавни спомени заедно!“, напиша Поповска покрај објавата.
Симона Пово месец август минатата година стана мајка по вторпат и на свет го донесе синчето Стефан, а поголемиот Никола стана си доби братче.
Среќен роденден и уште многу вакви скапоцени моменти!
фото:Инстаграм/Симона Поповска