Пејачката Маја Николиќ го пријавила своето поранешно момче во полиција за закани и малтретирање. Според информациите, Маја видно вознемирена дошла во полициска станица каде рекла дека нејзиното поранешно момче извесно време ја вознемирувало и и’ се заканувало.
Како што изјавила, тој во неделата на 19 март 2023 година влетал во нејзиниот стан во Раковица каде со пиштол во раката и упатил сериозни закани по живот. Полицијата составила записник и се очекува лицето А.А. да биде сослушано.
Фото: Инстаграм принтскрин/majanikolic_official