Промотер

Џокер би таа да дојде кај него, ама сама да си викне – „Такси“ (ВИДЕО)

Џокер би таа да дојде кај него, ама сама да си викне – „Такси“ (ВИДЕО)

Македонскиот рапер кој се крие зад уметничкиот псевдоним Џокер  на социјалните мрежи ја објави својата нова песна со наслов „Такси“ и веднаш предизвика бура од коментари…

Колку што  предизвика бура и неговата љубовна авантура, која прерасна во афера, а подоцна и во љубовна врска со Антониа Гиговска, по објавата за нејзината бременост, на која Џокер (Роберт Спасенцовски) потсети и на една од фотографиите симната од кадрите на овој видеоспот… Онаа – со тестот за трудници в уста!

Инаку, сцените од видеото буквално наликуваат на филмски, во која главната улога ја има токму Џокер.

Но, од каде идејата за „Такси“, објаснува лично Џокер

„Склоп на секојдневни ситуации: ‘Викни такси, дојди кај мене, сам сум’. Сигурен сум дека ќе се пронајдат многумина. Од таму ми дојде идејата, не дека е лично моја приказна“ – накусо изјави Џокер.

Тој ветува дека наскоро ќе ја изненади публиката со уште една нова песна, за која како што вели, ќе биде нешто ново и нетипично за нашата музичка сцена.

Инаку токму Џокер се потпишува како комплетен автор на неговата песна, а исто така негова беше и идејата за видеоспотот, кој го снимаше младиот режисер Дарко Јовановски. Мастерот и миксот на „Такси“ ги потпишува Иван Јованов – Ивајо.

Како тоа изгледа кога Џокер ќе ти спакува приказна во која тој би таа да дојде кај него, ама сама да си викне „Такси“, проследете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):

To top