Радио Милева приватен живот

Сандра Решиќ се огласи за нејзиниот емотивен статус: Пејачката конечно ја откри тајната која долго време ја криеше (фото)

Сандра Решиќ се огласи за нејзиниот емотивен статус: Пејачката конечно ја откри тајната која долго време ја криеше (фото)

Пејачката и поранешна задругарка Сандра Решиќ, откако ја напушти петтата сезона на „Задруга“, постигнуваше успех по успех, а нејзините стајлинзи секогаш се подложени на  промени.

Долго време се шпекулираше дали причината за разубавувањето е деловна или приватна, а се шпекулираше и дека пејачката си нашла момче. За време на учеството во реалното шоу, Сандра ја запознавме како некој кој не зборува многу за својот приватен живот и мери три пати пред да каже нешто, а јавноста е убедена дека пејачката нешто крие.

Таа за камерите на „Премиер викенд специјал“ на телевизија Пинк проговори за својата нова песна и конечно го откри својот емотивен статус.

– Нова песна, нова фризура… Ново момче? Не знам за што зборувате. Не е сив автомобил, туку црн… Не се заљубив, имам љубов за прв пат по 100 години. Ако не се претворам во санта мраз, се надевам дека ќе дојде моментот кога ќе ви покажам дијамант или брилијант на раката. Моментално не сум во врска, но имам љубов – изјави Сандра Решиќ.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

 

To top