Промотер

„Либеро бенд“ во летен поход со „Моја“ (ВИДЕО)

„Либеро бенд“ во летен поход со „Моја“ (ВИДЕО)

Членовите на скопскиот „Либеро бенд“ не престануваат со напорна работа освојувајќи ја публиката.

Марко Маринковиќ-Слаткаристика е автор на новиот потенцијален хит на групата. Станува збор за темата која носи наслов „Моја“, а популарниот „Слаткар“ освен како автор на стиховите заедно со неговиот долгогодишен соработник Иван Јованов-Ивајо ја потпишуваат и музиката, а Ивајо стои и зад продукцијата и аранжманот на песната.

„Либеро бенд“ со оваа нумера како да најавуваат пресврт во својата кариера, претендирајќи со нивнот нов и модерен звук да отворат нова страница во освојувањето на публиката.

Песната е поткрепена со видеозапис за чија режија  бил задолжен  Даниел Јовески.

„Либеро бенд“ очекуваат дека „Моја“ ќе биде вистински летен хит кој со сигурност ќе и се допадне на публиката. Проверете дали и вам, откако ќе ја проследите во продолжение.

 

To top