Поранешниот фудбалер Жерар Пике (36) и неговата девојка Клара Чиа (23) се почесто се појавуваат во јавноста.
Неодамна наводно планирале да поминат романтична вечер во луксузен ресторан, но наишле на проблем.
Кога пристигнале во јапонскиот ресторан, оттаму не сакале да ја отворат вратата. Сопственикот им забранил да влезат, наводно бидејќи е голем обожавател на Шакира.
Клара и Жерар се свртеле и си заминале држејќи се за рака. На нивните лица можело да се забележи дека се вознемирени. Влегле во автомобилот и тргнале во непознат правец.
Dueño corre a Pique y Clara Chia de restaurante por ser fan de Shakira
Hace unas horas comenzó a circular un video en donde se ve a #Pique y #ClaraChia molestos subiéndose a la camioneta del ex futbolista. pic.twitter.com/cwWxRGcOFb
— ¿Qué Pasa? (@quepasa_oficial) February 21, 2023
Откако Шакира (46) ја објави песната „BZRP Music Sessions #53“, Клара се повлече од очите на јавноста.
Фото: Принтскрин/Твитер