Старлетата и актерка Џулија Фокс (33) прошета низ Њујорк во уште една необична комбинација, а вниманието го привлече нејзиниот огромен додаток. Ова е уште едно издание на Џулија кое заслужува посебно внимание.
Таа носеше кожа, а сличен стил имаше и нејзината чанта. Прилично големиот моден додаток е дело на канадскиот моден дизајнер Микаел Кале.
Оваа чанта има и перика, долга руса коса и носи кожа, изгледа како копија на личноста што ја носи.
Комбинацијата за Фокс ја дизајнираше нејзината долгогодишна стилистка Бријана Андалоре, која е одговорна за сите нејзини необични комбинации.
Дизајнот во облик на човек е веќе присутен во светот на модата, а една од сличните аутфити беше видена и на престижниот меѓународен натпревар ITS во Трст, кој се одржа минатата есен. Имено, јапонскиот моден дизајнер Асато Китамура дизајнираше уметничка, авангардна колекција која носеше „духови“.
View this post on Instagram
Колекцијата е создадена како резултат на опсервирањето на општеството од страна на авторот среде сезоните на пандемијата, забележувајќи извонредна ментална исцрпеност. Како да носиме некој друг на грб, некој невидлив товар – тоа е инспирација за колекцијата, која во исто време делува многу елегантно и авангардно женствено, во готски стил.
Фото: Принтскрин/Инстгарам