Радио Милева ново гнездо

Николија и Реља заминаа од домот на Весна Змијанац – еве како изгледа нивниот нов стан (фото)

Николија и Реља заминаа од домот на Весна Змијанац  – еве како изгледа нивниот нов стан (фото)

Раперот Реља Поповиќ и неговата сопруга пејачка Николија Јовановиќ неодамна се иселиле од станот на неговата мајка Весна Змијанац. Имено, со оглед на тоа што имаат две ќерки, парот решил да се пресели во поголем стан. Според пишувањата, купиле луксузен пентхаус, а Реља сега на неговиот Инстаграм покажал дел од новиот дом.

Поповиќ се снимал како лежи на софата во дневната соба, а од едната страна се гледала кујната во црно, додека во еден момент го покажал другиот ѕид каде од трпезаријата се гледа огромна полица за книги и столчиња.

Инаку, станот на Весна Змијанац во кој живееле бил даден под кирија.

– Иако тоа значеше дека имаат стан за кој не треба да платат, сфатија дека просторот стана премал за четиричлено семејство. Бидејќи ќерките растат од ден на ден и секоја од нив треба да има своја соба, решиле да купат нов стан. Одлуката падна на луксузен пентхаус во Врачар, кој многу им се допадна – открил изворот.

Весна ги поддржувала во идејата да купат стан, бидејќи и таа заработените пари цел живот ги вложувала во недвижнини.

– Станот е уреден по нивните желби. Ќерките имаат посебни соби, има голема спална соба, како и луксузно уредена дневна и кујна, а голем дел зафаќа просторот резервиран за нивната гардероба, која е нивна страст – рече тој.

 

To top