Кралот на забавата и бакшишот Радиша Трајковиќ Ѓани имаше настап во Амстердам, а иако наскоро се враќа во Белград, не ја пропушти можноста да ужива во шармот на овој град кој е познат и како најлибералните во Европа. Ѓани не го криеше ентузијазмот , од каде сподели неколку објави, од кои едната ги привлече сите погледи.
Имено, тој се снимил како поминува покрај секс шопови, кои ги има на секој агол, а на видеото кажал: „Леле, жено“, па следбениците претпоставувале дека ќе ја изненади со некој интересен сувенир.
Да потсетиме, Ѓани неодамна во изјава за медиумите призна дека никој не може да го присили на нешто поради бакшиш. Тогаш истакна дека само на настапи го прави тоа што сака, а се допре и до познатото видео со чевелот.
– Сето тоа е на мое задоволство. Никој не може да ме натера да се качам на масата. тоа јас самиот го чувствувам, шега беше. Во прашење беше еден мој пријател, купи нови патики. Што сѐ сме правеле во животот – рече тој.
Фото: Принтскрин/Инстгарам