Радио Милева музичкиот (не)вкус на публиката...

Истражувањата покажаа: Во Македонија најпопуларен изведувач е Војаж, а најслушана песна има Теа Таировиќ

Истражувањата покажаа: Во Македонија најпопуларен изведувач е Војаж, а најслушана песна има Теа Таировиќ

Liberty Games неодамна на својата веб-страница ја објави листата на најслушаните музичари во светот за изминатата 2022 година. Liberty Games до резултатите дојде врз основа на пресметката на прегледите на Јутјуб.

Интересен податок за регионот е дека младиот пејач Михајло Веруовиќ, попознат како Војаж беше најслушаниот изведувач во Македонија.

Додека „Хајде“ на Теа Таировиќ е најслушана песна кај нас, објави босанскиот портал Кликс.

Според ова истражување, се покажа дека раперот Јала Брат е најпопуларен изведувач во целиот регион.

Зашто тој освен во Босна и Херцеговина, е најслушан и во Србија, Хрватска, Црна Гора и Словенија.

 

Поврзани теми

To top