Живот и Стил

Рецепт за роловано пилешко од рерна: Гастрономски празник за целото семејство

Рецепт за роловано пилешко од рерна: Гастрономски празник за целото семејство

Доколку имате дилема што да подготвите за ручек, вашиот избор нека биде роловано пилешко од рерна.

За подготовка на овој специјалитет не е потребно многу време, а одлично оди со печени компири и кисели краставички, или салата од свежа или кисела зелка.

Состојки:

– 1 кг. пилешко месо (цело пиле);
– 150 гр. кашкавал;
– 150 гр. шунка;
– 3 лажички сенф;
– 3 сварени јајца;
– сол;
– бибер;
– малку масло.

Подготовка:

Измијте го пилешкото, исечете му ги крилјата и вратот, па исечете го по должина и одвојте го од коските. Разредете го белото месо така што ќе ги исечете деловите кои се нерамни во однос на останатото пилешко и ќе ги ставите на места каде што има помалку месо.

Потоа во месото втријте бибер и сол по вкус, оставете го да отстои неколку минути, па премачкајте го со сенф, наредете го кашкавалот исечен на ленти, исто и шунката.

Ако сакате роловано пилешко со варени јајца, наредете ги јајцата исечени на половина преку парчињата шунка, а потоа внимателно ролајте го месото. Ставете го во мрежа или, доколку немате, завиткајте го пилешкото со подебел конец и ставете го во тавче обложено со алуминиумска фолија.

Пилешкото пред печење премачкајте го со масло или свинска маст, прелијте со 200 милилитри вода и печете на 200 степени првите 20 минути, а потоа намалете ја рерната на 180 степени до крајот на печењето. Одвреме-навреме проверувајте дали водата целосно испарила – пилешкото не смее да остане суво, но исто така не смее да има премногу течност околу него, бидејќи процесот на печење ќе трае подолго.

Пилешкото печете го додека не порумени, а потоа извадете го од рерната и оставете го да се излади. Кога месото ќе биде целосно ладно, извадете ја мрежата (или врвката, во зависност од тоа со што го обликувате ролатот) и исечете го пилешкото на кришки.

Вака подготвеното ролованото и исечено пилешко е погодно и за похување.

На здравје!

извор:курир.мк

To top