Анѓелка Прпиќ со денови е во центарот на вниманието бидејќи беше откриено дека чека бебе со поранешниот другар на нејзиниот поранешен сопруг, поради што некои ја осудија, но многумина и дадоа поддршка. Актерката не сакаше да дава изјави во оваа прилика, но беше на снимање на забавна емисија каде се дружеше со пејачката Јелена Броќиќ, која објави фотографија токму Анѓелка.
На фотографијата Анѓелка носи широка јакна, а рацете ги има пред себе, па стомакот воопшто не и се гледа, а медиумите со денови пишуваат дека актерката е бремена во петтиот месец. И не само што не се забележува трудничкиот стомак, туку Анѓелка делува многу послаба од вообичаено.
Да потсетиме, како бомба во медиумите одекна информацијата дека актерката чека бебе со извесен М.Ж. за која прво беше објавено дека им бил кум на неа и нејзиниот поранешен сопруг на нивната свадба. Меѓутоа, подоцна се покажало дека тој не им бил кум, туку дека биле најдобри пријатели.
Фото:Принтскрин/Инстаграм