Музичкото дуо „Дупер“ ја заокружува годината со нова песна насловена „Дадада“ за која снимија и спот.
Темата е типично во нивниот препознатлив стил, динамична и позитивна со ритам кој тера да играте и да ја запеете.
Музиката и аранжманот се дело на Борис Какуринов, додека текстот е напишан од Илчо Нечовски.
Спотот пак, е снимен под режисерската палка на Трифун Ситниковски.
За потсетување, бендот кој постои четири години денес го сочинуват Борис Какуринов (гитара и клавијатури) и Илчо Нечовски (бас и вокал). Кариерата ја започнаа како трио во 2018 година кога од нигде никаде преку ноќ станаа популани меѓу младата популација со хитот „Не сум твој тип“. Тогаш групата функционираше како трио, а во неа беше и тапанарката Марина Баракоска, која по неколку издадени песни, заради несогласување со останатите двајца членови го напушти бендот, во кој останаа Борис и Илчо.
Во продолжение слушнете ја новата „Дадада“:
фото:Јутјуб принтскрин