„Со големо задоволство сакам да споделам дека мојот нов соло-албум „Divergence” од денес е достапен на сите големи стриминг платформи за музиката да допре до пошироката публика“ – вели во своето неодамнешно соопштение македонскиот музички артист и гитарски виртоуз, Дамир Пух и појаснува:.
“Поминаа повеќе од 5 години од издавањето на мојот деби-албум “Recollection”, и сметам дека “Divergence” совршено го отсликува овојпериод на зреење, еволуирање и дефинирање како комплетен музичар и артист. Во овие 5 години имав привилегија да работам на музика што припаѓа и на комерцијалната и на алтернативната сцена, како и да
соработувам со одлични музичари од Македонија и од странство. Дел од тоа искуство е преточено на овој албум, спакувано во естетска рамка која мене лично ми нуди најголема слобода во музичкиот израз“
Инаку, албумот содржи девет песни, од кои осум се нови и досега необјавени дела. Стилски, албумот се наоѓа во рамките на модерниот, инструментален прогресивен метал, со силни електронски влијанија, сепак задржувајќи гостилот и уникатниот печат на Дамир како гитарист и продуцент. Освен дигитално, албумот е издаден и како физичко издание (CD) во лимитиран тираж.
Музиката која ја сработив е слоевита, интензивна и бескомпромисна. Зад неа се потпишувам како целосен автор, изведувач и продуцент и истата е реализирана на највисоко свирачко и продукциско ниво. Искрено се надевам дека љубителите на овој тип на музика ќе уживаат во ова издание и дека ќе ги инспирира музичарите од помладата генерација да продолжат да творат и да ја збогатуваат македонската алтернативна сцена“ – заклучува Пух.
Слушнете како звучи ова најново албумско издание насловено “Divergence” на македонскиот гитарски виртоуз Дамир Пух (КЛИКНИ ТУКА):