Нема кој не сака пица, а ако често ви останува леб, не го фрлајте, користете го наместо подлогата. Лесно и брзо ќе добиете појадок или вечера, а нема да трошите храна. Со ова јадење особено ќе се воодушеват домашните.
Состојки:
12 парчиња бајат леб
200 гр сирење
100 гр шунка
100 гр сланина
100 гр печурки
4 лажици кечап
2 јајца
1 чаша кисела павлака
маслинки
оригано
Подготовка:
Лебот наредете го во поголем плех кој претходно сте го намачкале со малку масло или маргарин. Изматете цели јајца со павлака и со нив премачкајте го лебот, а врз тоа ставете кечап. Одозгора наредете ја шунката, сланината и печурките, па над се изрендајте го сирењето. По желба додадете маслинки и оригано. Печете на 200 степени околу 20 минути.
Извор: Курир.мк