Радио Милева зарем таа е сите?

Дрска и непромислена: Јавноста револтирана од односот на Селена Гомез кон актерката која и го донираше својот бубрег

Дрска и непромислена: Јавноста револтирана од односот на Селена Гомез кон актерката која и го донираше својот бубрег

Познатата млада актерка и пејачка Селена Гомез деновиве е мета на јавноста поради своето непромислено однесување за една така сериозна тема. Имено, таа во документарниот филм „My Mind & Me“ зборуваше за својата борба за здравје.

Поп-ѕвездата со години живее со лупус и биполарно растројство, помина низ многу мирни и тешки фази и неколку пати беше хоспитализирана пред нејзиниот 30-ти роденден. Селена во емотивна исповед во промотивни интервјуа зборуваше за тоа колку и е тешко, како и колку понекогаш се чувствува осамено, а во еден момент истакна дека нема многу пријатели на јавната сцена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez)

– Никогаш не се вклопувам во кул групата познати личности. Мојот единствен пријател во оваа индустрија е Тејлор – изјави Гомез за Ролинг Стоун, мислејќи на поп-сензацијата Тејлор Свифт.

Многумина веднаш се запрашаа како е можно Селена да заборави на својата веројатно најдобра пријателка „во индустријата“ и надвор од неа – актерката Франсија Раиса, која ѝ го донираше својот бубрег во 2017 година. Имено, на Гомез и била потребна итна трансплантација поради компликации предизвикани од лупус, а бидејќи се испоставило дека Раиса е совршен донатор, таа немала дилема и отишла во болница со својата пријателка по истите стапки за да ги започне сите потребни процедури.

Не само јавноста беше изненадена од оваа изјава на Селена Гомез, туку и самата Франсија Раиса, која напиша, а потоа го избриша коментарот на Тик Ток видеото од Селена:

– Интересно.

Актерката потоа престана да ја следи Селена на Инстаграм, а Гомез потоа упати речиси дрско извинување.

– Жал ми е што не ја спомнав секоја личност што ја познавам – рече таа.

Селена и понатаму ја следи Франсија на Инстаграм, пренесуваат медиумите.

фото:Инстаграм принтскрин

To top