Познатиот актер Даниел Крег имаше специјална придружничка на неодамнешната премиера на филмот „Glass Onion: A Knives Out Mystery“ на Лондонскиот филмски фестивал, Ела Крег.
Оние кои не се добро запознаени со приватниот живот на актерот, беа изненадени од фактот што Крег има толку возрасна ќерка.
Ела Крег, која исто како и нејзиниот татко е актер, има 30 години, што би значело дека Даниел стана татко на 24 години кога се ожени со својата прва сопруга Фиона Лаудан. Две години по раѓањето на нивната ќерка, поранешниот пар се раздели.
И Ела не само што ја наследи љубовта на нејзиниот татко кон актерството, туку изгледа како негов клон. Двајцата имаат многу слични црти на лицето, а очигледно е дека нема шега со генетиката!
Крег е во брак со Рејчел Вајс од 2001 година, со која минатата година доби ќерка.
Инаку, последниот глумец од „Џејмс Бонд“ филмовите, Даниел Крег ќе ја добие истата кралска чест со којашто бил одликуван и неговиот можеби најпознат лик „007“, кој потекна од серијалот книги на Ијан Флеминг.
View this post on Instagram
Тој во замокот Виндзор беше награден со Одличјето на Редот на Сент Мајкл и Сент Џорџ, за заслуги во филмот и театарот. Честа нему денеска ќе му ја укаже принцезата Ен.
Даниел Крег, како шести глумец во серијалот филмови, го толкуваше тајниот агент во последните пет „Бонд“ филма – „Казино Ројал“ (2006 година), „Tрошка надеж“ (2008), „Операција Скајфол“ (2012), „Спектра“ (2015) и последниот „Не е време за умирање“ од 2021 година. Во улога на „007“, тој се појави и до кралицата во кусо видео на отворањето на Олимписките игри во Лондон, 2012 година.
фото:Instagram/BB/MEGA/ The Mega Agency/Profimedia/David Fisher/Shutterstock/ Editorial