Брзо и вкусно јадење кое ќе ви се допадне
Состојки:
400гр тестенини
300гр шери домати
300гр фета сирење
3 чешниња лук
Сол
Пармезан за поросување
Свеж магдонос за декорација
Подготовка:
Во плех ставете ги доматите и сирењето и покријте ги со масло. Додадете сол и ситно сечкан лук.
Се пече во загреана рерна на 200 степени 30 минути.
Сварете ги тестенините според упатството на пакувањето, а кога ќе се испечат кашкавалот и доматите ставете ги тестенините во тавата.
Добро измешајте сè заедно.
Тестенините поросете ги со свежо сечканиот магдонос и пармезан.
Пријатно!