Радио Милева „Болдвинитос“ се прошири

Алек Болдвин го доби осмото дете: Актерот има уште една ќерка која носи три имиња (видео)

Алек Болдвин го доби осмото дете: Актерот има уште една ќерка која носи три имиња (видео)

По големата трагедија поради која накратко се повлече од светот на филмот, од домот на познатиот актер конечно пристигнуваат добри вести – тој стана татко. И тоа, ни помалку ни повеќе, од осми пат. Сигурно веќе сте погодиле – Алек Болдвин.

Во „бандата Болдвинитос“ вчера се приклучи девојче по име Иларија Каталина Ајрин. „Стигна!“ се пофали мама Хилари, сопругата на Алек, и на следбениците на Инстаграм им покажа каков подарок доби големото семејство. Со други зборови, стана уште поголемо.

„Многу сме возбудени што можеме да ви откриеме дека нашиот мал сон стана реалност. Среќни сме, се помина добро“, напиша таа со видеото и додаде дека остатокот од „тимот на Балдвинитос“ – Кармен, Рафаел, Леонардо, Ромео, Едуардо, Лусија, гордиот татко и Ирска, неговата ќерка од бракот со Ким Бесинџер – веќе планираат прослава во чест на новиот член.

фото:Getty Images/Profimedia/Instagram

To top