Радио Милева неверојатна сума

На Ѓани, кралот на бакшишот му направија круна од евра но, му ставија илјадници и во чевлите (фото)

На Ѓани, кралот на бакшишот му направија круна од евра но, му ставија илјадници и во чевлите (фото)

Пејачот Радиша Трајковиќ Ѓани пеел на свадба во Германија, а со него настапиле и Катарина Грујиќ, Андреана Чекиќ и Урош Живковиќ.

Имено, Катарина Грујиќ на својот Инстаграм профил сподели видео на кое се гледаат рацете на Ѓани полни со пари, но тоа не е се, гостите му ставале пари во кошулата, околу главата, па дури и во чевлите.

– Мислите ли дека сте виделе сè – напиша Катарина Грујиќ.

Да потсетиме, Ѓани е инаку познат како крал на бакшишот и крал на забавата. Како што се пишуваше, знае да земе неверојатна сума за една песна. Така за време на турнејата во Америка заработил 30.000 долари само за песната „Ти ме никад и ниси волела“. Познато е и дека пејачот ги исполнува сите желби, па во една прилика, гостинот му го побарал да се напие од неговиот чевел, а тој со задоволство исполнил.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Катарина Грујиќ

To top