Општина Гази Баба по повод 8ми Септември, Денот на независноста на Македонија организираше голем музички настан.
Настанот се оддржа вчеравечер, среда, на 07.09.2022 година со почеток од 20:00 часот на плоштадот во Автокоманда.
На преполниот плоштад настапија: Некст Тајм, Ламбе Алабаковски, Бојана Скендеровски и Влатко Миладиновски.
Утрово на својата официјална страна на Фејсбук, градоначалникот Бобан Стефковски сподели објава и неколку фотографии. Во својата објава градоначалникот Стефковски пишува:
Моја Гази Баба, Ви благодарам од срце.
Повеќе од 5000 граѓани на плоштадот во Автокоманда порачаа:
Ние сме Македонци и нашата татковина е Република Македонија.
Нека е вековита самостојна, суверена и независна Македонија. – напиша Стефковски.