Актерот Морган Фримен беше изложен на голем скандал. Тој беше обвинет дека имал афера со неговата внука, по што се повлече од очите на јавноста.
Во 2015 година веста за убиството на внуката на Морган Фримен го потресе целиот свет. Имено, Едена Хајнес била избодена со нож на шеталиште во Њујорк, на Менхетен.
За убиството беше обвинет нејзиниот тогашен дечко Ламар Девенпорт, кој пред судот упати шокантни обвиненија против актерот. Имено, Ламар тврдел дека актерот имал афера со неговата внука, и дека има доказ за тоа.
Неговите тврдења дополнително ги поттикнаа гласините што кружеа во тоа време. Медиумите со месеци пишуваа за нивната афера.
„Она што е уште полошо е што и сериозниот печат зема од озборувањата на таблоидите и ги објавува“, изјави тогаш актерот.
Сепак, Ламар ги изнесе своите СМС пораки со убиената Едена. Во пораките што ги покажа од Едена, таа признава дека била со Фримен.
„Кога зборуваме за дедо ти, секогаш ќе има некаква љубов затоа што ти си ми подредена“.
“Не барам совет од него. Ми се јави да ме праша… Го оттурнав не поради тебе, туку затоа што не треба да биде во мојот живот”, е дел од преписката која ја откри Ламар.
Актерот наводно ја малтретирал својата внука кога била помлада. Она што е интересно е дека Една всушност не е биолошката внука на Морган Фирмен.
„Имам милиони долари во банка, но не можам да купам здравје за да си го спасам животот. Имам семејство и милиони обожаватели ширум светот, но сега сум сосема сам. Го живеев животот на погрешен начин и не сакам тоа да ви се случи“, рече актерот еднаш.
Актерот проговори и за минливоста на животот, нагласувајќи дека парите воопшто не се важни и дека и покрај се што има, останува целосно сам.
По скандалот низ кој помина, Морган се повлече од актерството и од јавноста. Сега живее затскриено и води еден ресторан.
Фото:Принтскрин/Профимедиа/Инстаграм/morganfreeman