Радио Милева работи напорно

Ријана официјално стана најмладата милијардерка во САД (фото)

Ријана официјално стана најмладата милијардерка во САД (фото)

Ријана официјално стана најмладата милијардерка во Америка која сама го стекнала своето богатство.

Пејачката која годинава наполни триесет и четири години, е  прогласена за најдобро рангирана музичарка на листата на Форбс, а сега стана единствената милијардерка помлада од 40 години.

Богатството на Ријана се проценува на 1,4 милијарди долари, а тоа се должи на успехот на нејзините брендови „Fenty Beauty“, „Fenty Skin“ и „Savage X Fenty“.

„Никогаш не можев да замислам дека ќе заработам толку пари. Секако, и понатаму продолжувам да работам напорно, но нема да дозволам да се опседнам со пари“, изјави пејачката претходно за „Њујорк тајмс“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by badgalriri (@badgalriri)


Родена е во Сент Мајк, Барбадос, а на шеснаесет години се преселила во САД за да продолжи со музичката кариера, потпишувајќи договор со етикетата „Деф Џем“.

Таа постигна светски успех со нејзиниот деби сингл „Pon de Replay“ и албумот „Music of the Sun“ од 2005 година.

За помалку од една година го издаде својот втор албум „A Girl Like Me“, од кој се издвоија сингловите „SOS“ и „Unfaithful“.

Ријана го постигна својот најголем успех со нејзиниот трет албум „Good Girl Gone Bad“, од кој дури три синглови – “Umbrella”, “Take a Bow” и “Disturbia” – го достигнаа првото место на американската  „Billboard Hot 100“ листа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by badgalriri (@badgalriri)

Фото:Принтскрин/Инстаграм/badgalriri

To top