Актерот и водител Жарко Димоски и неговата тазе венчана сопруга Андреа решија брачниот живот да го започнат како на филм, а актери се само тие двајцата.
Само што во овој филм под нивна режија нема глума, туку вистинска и чиста љубов.
Пред една недела Жаре и Андреа и официјално запловија во брачните води, а по свадбената прослава во еден познат скопски ресторан, ги спакуваа куферите и заминаа на меден месец.
Нивниот избор на дестинација за ова животно патување кое ќе го паметат цел живот е Малдиви. Вљубените галапчиња уживаат во луксузен апартман со приватен базен, егзотична храна, коктели и сето тоа зачинето со многу љубов.
За разлика од Жарко кој е целосно препуштен на задоволствата, невестата е таа што е поактивна на Инстаграм за да открие како ги минуваат деновите.
За потсетување, актерот и неговата избраничка пред две години имаа и венчавка во Хрватска, но поради корона пандемијата чекаа некои вакви,подобри времиња за да ја реализираат свадбата.
фото: Инстаграм принтскрин/Андреа Јосифова