„Winning Every Game“ е новата песна на Наташа Миха која на 21-ви март е објавена со моќен видео запис. Зад аранжманот се потпишува Дамир Пух, текстот е на Наташа, а зад музиката се потпишуваат и двајцата.
Продукцијата, миксот и мастерингот на песната се дело на Дамир, сработени во GreenRoom Sound студио во Скопје.
„Горда сум на целосната реализација и мило ми е што и овој пат имам одличен тим за соработка“ – јавно се заблагодари пејачката на екипата која соработувала со неа во комплетната реализација на новата песна и видеото за неа во која покрај Дамир Пух уште учествувале:
Стефан Рајхл – како снимател и режисер на видеото, во соработка со Васил Јанев како светло мајстор и Милан Блажевски кој бил задолжен за монтажа на видеото.
Испеана на англиски јазик, темата звучи зрело и модерно и содржински и музички продукциски… Поп-рок со цврст гитарски призвук и извонреден вокал, што е денес вистинска реткост да се слушне дури и во европски рамки, а камо ли кај нас. Вистинско оригинално освежување во морето од „компјутерски трап лигавштини“ и некреативни и бледи поп копии.