Живот и Стил

Рани симптоми на депресија кои не смеете да ги занемарите

Рани симптоми на депресија кои не смеете да ги занемарите

Депресијата е една од најчестите ментални болести во светот поради што од големо значење е да ги препознаете нејзините симптоми и навремено да побарате помош од психолог или психотерапевт. Во продолжение прочитајте кои се раните симптоми на депресијата што не смеете да ги занемарите.

1. Губење надеж
Еден од првите и најочигледни знаци на депресијата е губењето надеж. Тоа се манифестира со песимистичките мисли, недостатокот на верба во себе и верувањето дека светот е неправеден и суров и дека е залудно да се обидувате да направите нешто за себе или за другите.

2. Недостаток на ентузијазам
Доколку воопшто не се грижите за вашите интереси или хобија кои до неодамна ви причинуваа задоволство, треба да се прашате дали постои сериозна причина зошто е тоа така.

3. Несоница
Дали ви е тешко да заспиете во последно време? Честопати се будите ноќе? Можно е депресијата да биде главната причина за вашата несоница.

4. Ненадејна промена во апетитот и телесната тежина
Депресијата може да доведе до нагло зголемување или намалување на апетитот, и следствено на тоа, зголемување или намалување на телесната тежина. Консултирајте се со лекар доколку забележите вакви промени.

5. Неможност да се контролираат чувствата
Ако во последно време ве обземаат чувства кои не можете да ги контролирате, големи се шансите дека сте во рана фаза на депресија. Не заборавајте дека во таквата ситуација од суштинско значење е да се воздржите од избрзаните одлуки за кои подоцна можете да се покаете.

Откако ја прочитавте нашата листа со рани симптоми на депресија на кои морате да обратите внимание, можеби ќе сакате да прочитате и кои 10 работи не смеете никогаш да ги кажете на пријателот кој минува низ депресија.

извор: citymagazine.danas.rs

To top