Досега необјавени фотографии на Џон Ленон, кои повеќе од 30 години стоеле во фиока на нивниот сопственик, наскоро ќе бидат јавно прикажани.
Сопственикот на фотографиите сметал дека тие немаат никаква вредност, но според акционерот Дарен Џулиен овие стари слики на Ленон би можеле да бидат продадени за околу 10.000 фунти.
Станува збор за 26 фотографии и нивни негативи направени во 1970 година. Сопственикот на фотографиите, кој побарал да остане анонимен, изјавил дека сликите и негативите најверојанто ги купил неговиот татко во 70-те години на минатиот век и тие досега стоеле во фиока, затоа што тој сметал дека се безвредни. Фотографиите го прикажуваат Ленон по распадот на „Битлси“, во време кога го објави својот трет сингл „Instant Karmа“.
Тоа беше прв соло сингл на Ленон, што само во САД беше продаден во над еден милион примероци. Новотокриените фотографии и нивните негативи наскоро ќе бидат изложени во Музејот на Битлси во Ливерпул, а следната година ќе бидат понудени на продажба на аукција.