Eден од најпопуларните српски актери, Милош Биковиќ се огласи по написите дека се жени со неговата избраничка Ивана Малиќ.
Во медиумите, прво се појави информација дека Милош и Ивана раскинале, а потоа дека планираат и венчавка.
По овој повод, се огласи актерот за телеграф.рс
-Не го коментирам својот приватен живот, поточно никогаш не зборувам за него. Не може ништо да ме изненади кога станува збор за медиумите, но многу ми е интересно што во истот ден пишуваат за раскинување, неверство и свадба. Можам да кажам дека не е вистина, но тоа не значи дека нема да се случи во иднина, ниту дека се случило, вели Биковиќ за телеграф.рс
За потсетување, Милош и Ивана заедно се појавија на премира на филмот „Јужни ветар – 2“ кога и првпат беа фотографирани заедно.
фото: Инстаграм/ivanamalic_/никола томиќ