На „Денот на вљубените“ социјалните мрежи беа полни со убави љубовни мисли, фотографии, цитати.
На овој ден се огласи и Данијела Мартиновиќ која испрати порака, а оние кои читаа меѓу редови мислат дека пораката е посветена на Петар Грашо кој 14 февруари го прослави во друштво на неговата нова партнерка, Хана Хуљиќ со која наскоро ќе добие дете и ќе запловат во брачните води.
-Дождот не може ништо освен да паѓа. Љубовта не може ништо освен да сака, напиша пејачката во описот на фотографијата.
Многумина се прашуваат на кој ја упати оваа порака, можеби пејачката има нова љубов, или пак ја посвети на Петар Грашо кој наскоро ќе стапне на лудиот камен.
За потсетување, Данијела Мартиновиќ и Петар Грашо раскинаа по 24 годишна врска.
фото: Емина Прсиќ/инстаграм/danijelamartinovicofficial