Радио Милева празнична разгледница

Како и со кого познатите македонски естрадни дами го поминаа Св. Валентин, што добија на подарок и како возвратија? (ФОТО)

Како и со кого познатите македонски естрадни дами го поминаа Св. Валентин, што добија на подарок и како возвратија?  (ФОТО)

Иако  Свети Трифун е во суштина она што кај нас повеќе треба да се слави, 14 – февруари на младите попривлечен им е на како Ден на вљубените, па затоа наместо Св. Трифун , повеќето од нив го слават Св. Валентин…. Или во најдобар случај, ги споија двата празника во еден, оти за едниот се пие, за другиот се љуби, а тоа некако, може да  оди и во пакет.

Исклучок не беа ниту познатите македонски личности, односно естрадните дами. Еве мал избор од тоа, како  и со кого познатите македонски естрадни дами го поминаа Св. Валентин, што добија на подарок и како возвратија?

Македонската фитнес инструкторка и мотиватор за здрав живот, Ана Стојанова за празникот на љубовта и виното не беше сама. Разбирливо, ем има толкава армија следбеници зад себе, ем тазе запросена, сексапилната велешанка реши во таков дух и да го обележи Денот на вљубените – разголено и „сексулаво“.

Затоа Ана се соблече за да да го овековечи денот, правејќи го да биде „празник за очи“ и жива згода… А, црвен латекс и топлес се во мода!

Подарокот стигна навреме, од кого друг ако не од вереникот, кому за возврат, празникот му беше повеќе од „само за очи“.

И фолкерката Сузана Гавазова не беше заборавена од својот сопруг.

Прекрасен букет со „црвени рози за вас мадам„, а од неа до нејзиниот Јасмин, едно големо – благодарам!

ТВ водителката на „Живот со стил“, Елена Стефановска за  Св. Валентин реши да си го дотера сопствениот стил во духот на празникот, па отиде на средување на ноктите на кои осамнаа мали срценца.

А срцето и го наполни романтичната вечера за двајца со нејзиниот вереник во која се споија двата празника… Св.Трифун и Св. Валентин, љубовта и виното, а потоа најверојатно за славничката приказна да биде цела, се споиле и… двете тела.

Пејачката Аделина Тахири исто така го прослави денот на вљубените со вечера за двајца, со нејзиниот сопруг, познатиот скопски адвокат Серијожа Марков.

Претходно скапите и луксузни подароци од адвокатот на пејачката и го разубавеа денот…

А таа нему вечерта, а многу извесно и ноќта!

Хрисанта Монева, новата љубов на Дарко Спејко уште претходно најави дека е подготвена за „бурна прослава“.

Дали еротската долна облека ја стави во функција, знаат само долгоногата убавица и нејзиниот партнер, а она што сите дознаа е што доби таа од него за Денот на вљубените.

А доби слатки, бомбони и букет црвени рози… Она другото, уште претходно беше најавено.

Македонската ријалити ѕвезда и модел Елеонора Миљковиќ одново изненади. Не со тоа што носеше под облеката за празникот на љубовта.

Тоа сите можевме да го претпоставиме и насетиме, но само малкумина можевме да осуетиме дека нејзиното доскорешно момче Чедо одново ќе го покаже во јавноста.

До душа не со лик и тело, тку со неговото име и слатките подароци што ги добила од него за Св. Валентин.

Не познато како ја делеле љубовната торта, но затоа е речиси сигурно дека за Денот на вљубените Нора го добила целото парче од љубовниот колач!

И Нина Ристовска, сопругата на „минстерот за одбрана“ на голот на Вардар, ракометната голманска легенда Борко Ристовски доби полно внимание за Денот на вљубените. Само што фраерот овој пат не беше сопругот… Или поточно, не само сопругот. Негови можеби биле идејата и изборот на подарокот, ама сета љубов и ловорики на крајот ги собра нивниот наследник.

Зашто малечкиот Душан беше фраерот што и го врачи подарокот на мама. И утре некој нека каже дека Душан не бил „фраер уште од пелени“!?

Некои имаа повод за двојна радост или дупла прослава. Ако не и тројна… Ги славеа и обата празника, ама и својот роденден.

Како новинарката и ТВ водителка на „Бекстејџ“, Јасмина Арсова на пример… На дамите не им се бројат годините, ама затоа им се бројата насмевките.

И пејачката и водителка Бојана Скендеровски имаше повеќекратна причина за радост и насмевки.

Покрај денот на љубовта и виното, 14 февруари е денот кога е таа родена. Подарокот од нејзиниот сопруг и романтичната јавна роденденска честитка, секако дека не изостана…

Како и семејната роденденска вечера во една скопска кафеана со песна и музика, во која и славеничката запеа.

Честитките од постелата останаа меѓу четирите ѕида во спалната!

Кај некои Денот на вљубените ја подотвори вратата на љубопитноста, зашто од  честитките и подароците што ги добиа за Св. Валентин, како да се наѕира некоја нова љубов, некоја тајна врска, за која јавноста досега не знаеала.

А токму истата таа јавност ја заскокотка младата и атракативна пејачка Мартија Станојковиќ.

Згодната кумановка најпрвин споделила дека добила прекрасен букет со црвени рози уште на стартот на денот, а потоа како денот минува, пејачката одново изненадува со размената на емотикони со срца и оганчиња.

И сето тоа  додека таа вози со полн гас, ставено на идентични фотографии и кај неа и кај никој друг, туку кај Елиф Елмас!?

Оттаму и дилемата, дали Елиф – нашиот фудбалски дијамант и Мартија – нашата нова пејачка ѕвезда не делат иста љубов во две различни гнезда?

Имаше и такви што  Денот на вљубените го дочекаа од поинаква побуда , но со добра причина, зашто букети и цвеќе од никого не добија, ниту пак некому му купија, ама затоа на сите им продаваа. Како македонската мисица и модел Емилија Розман која Св. Валентин го дочека со полна душа, зашто тоа е еден од оние денови кога најдобро работи нејзината цвеќарница, а прометот повеќекратно ја надминува вообичаената граница.

Некои од познатите дами Денот на вљубените го дочекаа сами… Или барем така сакаа да прикажат тоа да изгледа.

Лила Филиповска се сликаше во секси долна облека од црна тантела, со полни раце љубовни подароци… Од кого и со кого ја сподели љубовта – не кажа!

И некогашната ТВ водителка, денес позната трендсетерка Мелита Ракичевиќ – исто така…

Полна када со вода и ливчиња од црвени рози и едно големо „Бакни ме“…

Со кого ги сподели влажните бакнежи на водената постела од рози, екс водителката не откри!

Празникот и едниот и другиот, воглавном го дочекаа која како и со кого можеше и сакаше… А имаше и такви дами што останаа сосема сами…

Некои од што немале друг избор во дадениот момент…

А, некои од што не сакале  дадениот момент да го делат со некого… кој пак, сакал со нив!

Како и да е, нека е само за арно и убаво, за многу години и што повеќе љубов!

Фото: Социјални мрежи/ Инстаграм и Фејсбук принтскрин

 

 

 

 

 

 

 

 

To top