Во љубовта често сме склони да живееме во илузија, особено на почетокот на односот, а Фројд открива како со еден мал трик да препознаете ментално слаб маж.
Често се смета дека врската или бракот со некоја личност е лотарија – игра која не знаете дали навистина сте ја избрале да ја играте со вистинската личност за вас.
Сепак, многу од психолозите сметаат дека можеме да согледаме во с’ржта на другиот човек и неговите скриени страни, но само доколку побегнеме од илузијата.
Сигмунд Фројд дал универзален совет како да препознаеме слаб и ментално јак маж, односно да процениме дали партнерот кој ќе може да чекори заедно со нас во животот, се развива, сака многу и е мотивиран да стане подобар.
Фројд убедувал дека секој може да биде слаб, дури и успешните и богатите луѓе, луѓето со позиции оние со добра репутација. Истакнал дека ментално силната личност може да се избере многу едноставно.
Според Фројд, менталната сила на личноста е одредена од проблемот кој личноста може да ја извади од такт.
Се докажало дека тоа е едноставен начин да го тестирате човекот на неговата ментална стабилност.
Доволно е да изговорите некој став за кој знаете дека не е во состав со неговото гледиште на животот или текот на развојот.
Продолжете да го тврдите своето, а доколку личноста почне да го губи своето трпение, ќе премине на повисок тон на гласот – а, тоа е слабост.
Доколку ве гледа збунето и нуди неколку можности за решавање на проблемите, таквата личност се смета за ментално јака и избалансирана, односно тоа е добар избор за партнер.
Овој тест може лесно да го примени секоја личност, а тој ви овозможува да одредите и дали со некоја личност може да ги правите вашите планови за во иднина.
Кога е сè идеално, ве водат само емоциите, особено на почетокот на еден љубовен однос, ја живеете илузијата и не сте сигурни како партнерот ќе реагира на одредени појави и предизвици.
Наведениот совет од Фројд секако дека ќе ви заштеди енергија, а можеби и ќе ве поштеди од некое разочарување.
извор: точка.мк