Пејачката Цеца Ражнатовиќ заедно со пријателите ужива на Малдивите, а со својата витка линија ги воодушеви фановите и следбенците.
Имено, фолк ѕвездата објави фотографија на која позира во минијатурно зелено бикини, а во вакво издание не сме имале прилика да ја видиме досега.
Цеца прво позираше на лежалка во вода, а во прв план паднаа нејзините стомачни и бујните гради кој едвај ги собра во минијатурното бикини.
Потоа, пејачката се фотографираше покрај палма, па ја истакна својата совршена фигура и згодните нозе.
-Колку убав и сончев ден. Малдиви, рај на земјата, напиша таа во описот на фотографијата.
„Гориш“, „Ау, Цецо презгодна си“, „Бомба“, „Брутално“ се само некои од коментарите кои може да се прочитаат.
За потсетување, Цеца на Малдивите замина заедно со нејзиното момче Богдан и уште неколку пријатели. Таму ќе остане осум дена, а потоа ќе се врати во Белград.