Радио Милева лоша година поради здрабје

„Имав корона, едвај преживеав“: Познатата пејачка проговори за тешкиот период низ кој поминала во 2021 година

„Имав корона, едвај преживеав“: Познатата пејачка проговори за тешкиот период низ кој поминала во 2021 година

Наближува Нова година, а голем број естрадни уметници од српската јавна сцена веќе имаа закажано настап за најлудата ноќ.

Пејачката Тамара Милутиновиќ е една од оние која одлучила да не настапува на 31 декември.

-Јас одлучив оваа Нова година да бидам слободна, така да не работам за Нова година и одлучив да бидам со најмилите, мислам дека е време за тоа. Имам настап пред Нова година и после тоа ќе бидам дома, изјави таа за „Гранд онлајн“.

Тамара вели дека 2021 година и била година за паметење и дека поминала низ тежок период.

-Факт е дека претходната година ја обележа корона. Јас имав корона и едвај го преживеав тој период, кога здравјето е во прашање ми беше лоша година. Но, когас станува збор за некои други работи, исполнета сум на сите полиња, тоа е најважно, изјави Тамара.

фото: принтскрин/инстаграм/тамара милутиновиќ

To top