Во просториите на „Сити хол“ (поранешен „Хард рок“) денеска во 12 часот беше промовирана првата македонска национална стриминг платформа – GLEY (ГЛЕЈ).
Станува збор за стриминг видеоплатформа, која нуди атрактивна и внимателно селектирана локална, нова регионална и интернационална филмска и детска програма, целосно обработена на македонски и на албански јазик.