Радио Милева несреќа

Трагедија на снимање филм: Актерот Алек Болдвин на сет ја убил директорката на фотографија и го ранил режисерот

Трагедија на снимање филм: Актерот Алек Болдвин на сет ја убил директорката на фотографија и го ранил режисерот

Во инцидент на снимање филм во Њу Мексико убиена е директорката на фотографија Халина Хачинс (42), а повреден е режисерот Џоел Соуза (48). Полицијата, засега никој нема приведено.

Актерот и продуцент Алек Болдвин (68) најверојатно од невнимание погодил два члена на филмската екипа откако го активирал сценскиот пиштол.

Несреќата се случила за време на снимањето на филмот „Rust“ на ранчот Бонанса Крик, популарна филмска локација јужно од градот Санта Фе.

Хачинс починала на лице место, додека Соуза е пренесен во болница.

Нема информации под кои околности дошло до пукањето, но полицијата никого нема приведено истакнувајќи во соопштението дека истрагата е во тек.

Болдвин е копродуцент и главен актер во филмот „Rust“ кој се снима. Снимањето по инцидентот е прекинато.

фото: ројтерс/принтксрин

To top