Мегафон тажна вест

Почина новинарот Трајче Јованов: Штип тагуваа по едно од најпрепознатливите лица на „Макфест“

Почина новинарот Трајче Јованов:  Штип тагуваа по едно од најпрепознатливите лица на „Макфест“

По кратко боледување почина новинарот Трајче Јованов. Неговото име остави незбришлив печат во штипското новинарство. Најголемиот дел од својата над 40 годишна новинарска кариера ја помина во Радио Штип. По згаснувањето на ова локално радио, негиовот глас се слушаше на  „Енџелс радио“.

Освен новинарството имаше уште една голема љубов – актерството. Почетоците му се во Драмското студио при Домот на културата во Штип, но тој неуморно аматерски учествуваше во монодрами и претстави практично до последниот здив. Естрадата и новинарите го знаат Трајче Јованов и како дел од Фестивалот на забавни мелодии Макфест.

Во прес службата на фестивалот беше од 1988 година, каде остави неизбришлив траг и беше едно од најпрепознатливите лица на Макфест. Во младоста, Јованов, беше активен и политички. Еден период беше секретар на Социјалистичка младина, а беше и член на првиот Совет на општина Штип по осамостојувањето на Македонија.

To top