Двата фестивали, „Skopje Sounds Good“ и „Skopje Calling“ коишто беа откажани поради деновите на жалост и поради катастрофата во Тетово, сепак ќе се одржат.
„Skopje Sounds Good“, со скоро непроменет line up ќе се одржи на 29-ти октомври, со настапи на „Buč Kesidi“, „Nipplepeople“ и „Funk Shui“, а утредента на 30-ти октомври ќе се одржи македонско издание на „Skopje Calling“ исклучиво со домашни диџеи и тоа: Galoski, Cyrillic, Chris J и Jana Slayy. Со вакво одржување на „Skopje Calling“ не само што ќе имаме можност за добра забава, туку им се дава шанса и на македонските артисти да настапуваат под овој сериозен фестивалски бренд.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во четврток (07-ми октомври) во 09 часот наутро, во строго ограничен број. И двата фестивали ќе се одржат согласно актуелните протоколи за одржување на јавни настани.