Љубов и Секс

Работи кои понекогаш ги правиме, а на мажите им се одбивни

Работи кои понекогаш ги правиме, а на мажите им се одбивни

Како што ние често се жалиме дека тие не знаат како да се однесуваат кон нас, дека лошо нѐ третираат и дека се емотивно невоспитани, така и ние не сме секогаш она што тие сакаат. Се разбира, никој не е совршен и сите ние правиме грешки и не треба да се преправаме дека сме нешто што не сме – но, за некои работи можеме да водиме сметка.

Понекогаш сме арогантни

Самодовербата е голема работа, достојна за почитување, пожелна и привлечна. Ароганцијата не е. Кога манифестираш ароганција, она што сокриваш со неа е несигурност, чувството на ранливост и потребата да се браниш, а ако си арогантна кон мажот кој ти се допаѓа, тој не оди со своето толкување толку длабоко. Не размислува што се крие под површината (чест на исклучоците кои размислуваат) туку, реагира на твоето однесување, бидејќи не се чувствува пријатно во твоето друштво.

Понекогаш сме негативни

Ниту ние не сакаме кога мажот има негативен став, кога сѐ му претставува проблем и во сè гледа пречки. Секој е должен да се прибере и да се справува со своите проблеми и нема право никого да труе со својата негативност.

Се обидуваме да ги „добиеме“

Кога ќе почувствуваат дека се обидуваме да ги “осигураме”, бидејќи сакаме да имаме момче, или поради тоа што сме посесивни и нетрпеливи, тие се повлекуваат и бегаат. Ним не им е потребно тоа поседување, а се плашат и од папучата, повеќе отколку ѓаволот од крстот. Но, кога ќе почувствуваат дека нѐ интересираат, дека сакаме да ги запонаеме и да ги разбереме, тогаш сакаат да бидат во наше друштво.

Ги критикуваме

Ние сме глупави ако не го земеме предвид машкото его, туку само го предизвикуваме, или едноставно го газиме. Тоа што егото им е слабост, не значи дека и ние ја немаме истата слабост и не значи дека во неа треба да го ставаме прстот и да ја бодеме. Од тоа ништо конструктивно во односите нема да има. Ако на мажот нешто му замераш, ако не ти се допаѓа неговата личност – тогаш немаш што да бараш со него. А ако со нешто те повредува во однос на тебе, разговарај со него за тоа во некоја друга форма, односно од позиција на “тоа ми пречи, тоа ме боли, поради тоа се чувствувам лошо”, наместо “ти си таков и ти си ова или она”.

Инсистираме на статусот на врската

Мажите многу малку трпат емоционален притисок и особено ги иритира фактот дека сакаме тие да се посветат до степен до кој тие се подготвени. А тие ретко кога се подготвени за она што ние посакуваме. Можеби и ние навистина би можеле да се релаксираме малку повеќе и да живееме во сегашен момент и да дозволиме работите да се развиваат со свое темпо – да ги растеретиме и нив и себе од предвремени и прекумерни очекувања.

Манипулираме

Не постои маж кој не доживеал некаква форма на женска манипулација – што не значи дека и тие често не се големи манипулатори – и тие едноставно тоа го мразат. Понекогаш нѐ обвинуваат за манипулација кога само се обидуваме да бидеме тактични и да постигнеме компромис, бидејќи се плашат од манипулација и ја гледаат во сѐ што не им е блиско и јасно. Но, понекогаш тие се во право што држат растојание и гард. Ако сакаме фер, длабоки и стабилни односи, тогаш не играме игри и не манипулираме.

Ние сме несреќни

Кога сме несреќни од самите себе, никаква среќа и задоволство нема да најдеме во врската. Личното незадоволство, несигурност, неисполнетост – сето тоа го внесуваме во врската, ја труеме и ја уништуваме целосно шансата за среќа. За да имаме здрав однос со потполна љубов, потребно е така и да се чувствуваме – самите ние да бидеме здрави и полни со љубов.

извор: нетпрес

To top