Александра Кочоска Дековиќ, Македонката која неколку години работи како продуцент за визуелни ефекти во Холивуд, ја освои награда Еми за серијата „Стар трек – Дискавери“. Таа е првата Македонка номинирана за Еми, а наградата е за визуелни ефекти во епизодата „Су’кал“.
Ова беше втора номинација на Александра за најпрестижната телевизиска награда во Америка. Таа беше номинирана за Еми и во 2019 година, но тогаш наградата ја освои серијата „Игра на тронови“. Александра ја доби наградата заедно со сопругот Анте Денковиќ и продуцентот Џејсон Зимерман.
Александра веќе неколку години живее и работи во Холивуд. Таа има две дипломи од Универзитетот УКЛА, за бизнис-менаџмент во забавната индустрија и за развој. Оттогаш работела на неколку серии: Crossbones, Sleepy Hollow, Limitless и True Detective, Star Trek: Picard со Патрик Стјуарт во главната улога, Star Trek: Short Treks и Star Trek: Discovery S3.
Во интервју за „Репортер“ таа раскажа дека е продуцент на визуелни ефекти – таа не работи на компјутерска изработка на ефектите, туку има свој тим, десетина луѓе чија работа ја надгледува и одлучува во која сцена ќе има каков ефект. Притоа внимава нивната работа да не го надмине буџетот со кој располага серијата за секоја епизода.
извор: Курир.мк