Радио Милева честитки

Тој често ги средува нашите познати личности, а сега Елена Ристеска, Александра Илиевска, Гиговска, Тара Симов….упатија грст честитки на адреса кај овој Македонец

Тој често ги средува нашите познати личности, а сега Елена Ристеска, Александра Илиевска, Гиговска, Тара Симов….упатија грст честитки на адреса кај овој Македонец

Кога сте дел од јавната сцена и под постојано светло на рефлекторите, треба речиси секогаш да те средени, да изгледате убаво, културно, фино….

Нашите познати личности често се препуштаат на вештите раце на македонскиот фризер и „мејк ап“ артист Даниел Николовски, а неговото студио во Скопје најчесто си заминуваат насмеани, задоволни и среќни со новиот изглед.

Eлена Ристеска, Антониа Гиговска, Александра Илиевска, Бубе Јаневска, Огнен Здравкоски се само дел од познатите кои секогаш кога треба да бидат „стокмени“, одат во кај Даниел.

Меѓутоа, сега Николовски имаше убав повод за славење т.е неговиот роденден. Па токму поради тоа на неговиот профил осамнаа честитки од познатите.

Елена Ристеска која и е добра пријателка со Даниел нa својот Инстаграм сподели фотографија и видео од малата роденденска прослава на фризерот, а во описот напиша:

„ Се’ е менливо во мојот живот само ти си константа. Убавец мој , брат мој , целата среќа на светов ти ја праќам затоа што ја заслужуваш. Твојата тага и среќа и твојата болка и радост ги чувствувам како да се мои. Некои луѓе еднаш ќе ти влезат во срце и остануваат засекогаш. Те сакам Дани.


Водителката Александра Илиевска објави неколку заеднички фотографии со Даниел, па напиша:

„Те гушкам силно. Среќен секој ден Даниелчо, заслужуваш повеќе од што можеш да посакаш. Среќен роденден“.

Честитки пристигнaа и од:

Туна Сејдиa

Теа Трајковска

Бубе Јаневска

Тара Симов

Огнен Здравкоски

Антониа Гиговска

Лина Пејовска

Среќен роденден!

фото: принтскрин/инстаграм/даниел николовски/фејсбук/алек.бнб/алек младеновски

To top