Американската музичка sвезда Дон Еверли, член на братското дуо „Everly Brothers“, почина на 84 -годишна возраст, пренесуваат американските медиуми.
Портпаролот на семејството рече дека Еверли починал во својот дом во Нешвил, Тенеси во саботата.
Музиката на дуото „Everly Brothers“, популарна во педесеттите и раните шеесетти години, имаше големо влијание врз многу музичари. Од Џон Ленон и Пол Макартни, до „Бич Бојс“ и Сајмон и Гарфанкел.
Меѓу најголемите хитови што ги оставија се: “Wake Up Little Suzie”, “Cathy’s Clown”, “Bye Bye Love”, “All I Have To Do Is Dream”… Двајцата браќа се скараа по една расправија во 1973 година по 16 години и мноштво хитови, за потоа да се смират во 1983 година.
Фото: Профимедиа