Живот и Стил

Вака изгледа и официјално најдобриот хотел на светот

Вака изгледа и официјално најдобриот хотел на светот

Овој рај на земјата е дел од прекрасниот индонезиски остров Сумба, а настанал кога Крис Бурч, сопственик на позната модна куќа, решил да се обиде во угостителството, пишува Business Insider.

Нихивату е одморалиште со пет ѕвезди, отворено во 2015-тата година, и веќе следната година е прогласено за најдобриот хотел на светот.

Крис Бурч купил хостел на плажата на островот Сумба во 2012-тата година, заедно со хотелиерот Џејмс МекБрајд. Тие потрошиле околу 30 милиони долари реновирајќи го хостелот и повторно го отвориле како одморалиште со пет ѕвезди три години подоцна.

Името на одморалиштето е Нихивату, а хотелот веќе во 2016-тата година бил прогласен за најдобар на светот од страна на веб сајтот “Travel and Leisure”.

Со прекар “Работ на далечината”, Нихивату се наоѓа на западниот брег на островот Сумба.

“Го купив хостелот за своите деца и како нешто што сакам да го зачувам, но и да и вратам на заедницата. На вакво место можете да правите работи кои не можете на други места – да направите спа под водопад, на пример. Нихивату испадна многу подобар од тоа што си замислував”, рекол Бурч.

Нихивату содржи 27 приватни вили, меѓу кои и “Раја Мендака”, домот на Бурч, кој се состои од главната куќа и четири дополнителни вили, а секоја има свој приватен базен.

Базенот во куќата на Бурч, кој исто така им е достапен на гостите, гледа на плажата Нихи и на Индискиот океан.

Дел од профитот на хотелот оди во фондацијата “Сумба”, организација која финансира проекти за помош на локалната заедница.

Како и секое луксузно одморалиште, и тука во понудата има разни спа третмани, масажи, сауни, џакузи.

Одморалиштето нуди разни активности за гостите кои уживаат во природата и во екстремните спортови. Кој сака, таму може да научи да сурфа со помош на локалните инструктори.

Извор: Точка.мк
To top