Фестивалот на неми и класични филмови почнува вечер во 20 часот, со прикажување на трилогијата на Александар Довженко (Александр Петрович Довженко, 1894–1956), пионерот на украинскиот и советскиот филм од 20-ите на минатиот век.
Пред проекцијата на филмот „Звенигора“, свое предавање на тема „Историјата на украинскиот филм: Од Довженко до Довженко-центар“ ќе одржи и Арсениј Књазков, филмски истражувач од „Довженко-центарот“ во Киев.
Програмата на Фестивалот на неми и класични филмови – филмовите на Довженко е реализирана во соработка со Амбасадата на Украина во Р.С. Македонија т.е. „Центарот Довженко“ – Киев.
Извор: Независен