Радио Милева вселенско решение

Слави Трифонов посака да ги гледа ѕвездите, а Игор Џамбазов му ја исполни желбата: „Houston, Софија have a problem!“ (ФОТО)

Слави Трифонов посака да ги гледа ѕвездите, а Игор Џамбазов му ја исполни желбата: „Houston, Софија have a problem!“ (ФОТО)

Во Бугарија изборите завршија, ама по веќе видениот балкански терк, никого се’ уште не избраа… И додека траат препукувањата и се крчкаат постизборните коалиции, лидерот на победничката партија „Има таков народ“, шоуменот, пејач и од новокомпониран политичар Слави Трифонов тргна во офанзива, сакајќи одново да си игра мајтап со најгорливото прашање – односите со западните соседи, односно Македонија.

Можниот мандатар тргна со навредливи изјави за Македонците нарекувајќи ги “Северномакедонци“ , па Трифонов почна да слави, ама истовремено и да провоцира со изјави кои се надвор од умот, а камо ли од универзумот, на кој ТВ ѕвездата мајтапејќи се, рече:

Ќе иницираме преку Европската вселенска агенција двајца бугарски астронаути, маж и жена, да заминат во вселената, а ќе направиме напори со нив да патува и еден северномакедонски астронаут. Треба да престанеме да гледаме кон Земјата, туку да почнеме да гледаме нагоре, кон ѕвездите“ – рече во видеообраќање шоуменот Слави Трифонов.

И како што е редот или како што вели нашата народна поговрка: „Што ќе си здробиш, тоа и ќе сркаш“, Слави набрзина „го окрка“, со возвратна „бекенд изјава“ од македонска страна, од неговиот стар добропознат ривал, македонскиот актер, пејач и шоумен Игор Џамбазов.

Како и претходно, секогаш кога се обидувал со нас да се задева, Игор бил тука да „му ја затвори устата“со мудра изјава, со која интилигентно му возвраќал на “разлајаниот“ забавувач, отскоро бугарски политичар. И на негов и на наш терен, па така беше и овој пат.

Игор Џамбазов уште на времето вака им го „плесна в лице“ на Бугарите… и тоа на нивен терен (ВИДЕО) – Вистина.мк (vistina.com.mk)

Игор не чекаше долго, па веднаш го прифати вербалниот предизвик на бугарскиот колега по бранша, споделувајќи интересни фотографии и пост на својот Инстаграм профил, со кои  му покажа дека ниту тој ниту Македонија нема проблем со било каква будалаштина, кажана од бугарска страна. Проблемот е кај некој друг или што би рекле: „Houston, Софија have a problem!“

Џамбазов на Инстаграм објави неколку фотомонтажи со својот лик во костим на астронаут, па напиша:

„Ги повикувам сите колеги астронаути, утре во 17 часот да се чекаме пред вселенската станица Ќустендил, за да го одработиме првиот тренинг…“ – возвраќајќи му на Трифонов, па кој сфатил – сфатил, кој не… „Houston, Софија have a problem!“

Фото: Инстаграм принтскрин/igordzambazov/slavi_ttrifonov

 

To top