Радио Милева нетрпеливоста трае...

Карлеуша распали по Аца Лукас кој изјави дека пеел и вечерта кога бил убиен премиерот Ѓинѓиќ: „Нема оправдување, па дури ова да го кажал и во наркомански делириум!“

Карлеуша распали по Аца Лукас кој изјави дека пеел и вечерта кога бил убиен премиерот Ѓинѓиќ: „Нема оправдување, па дури ова да го кажал и во наркомански делириум!“

Поп дивата Јелена Карлеуша се огласи денес на својот Инстаграм профил, па жестоко распали по Аца Лукас заради една од неговите шокантни изјави.

 

Таа беше испровоцирана од насловот на одреден медиум кој гласи: „Шок исповед на Лукас: „Пеев и кога беше убиен Ѓинѓиќ“, па белградската „мала од скандала“ веднаш објави статус со свое мислење во Инстаграм приказните.

Таа меѓудргото напишала дека е срамота да се каже вакво нешто, бидејќи според неа, Зоран Ѓинѓиќ бил брутално убиен од криминалци кои ги киднапирале, ограбувале и ги мелеле своите жртви.

Карлеуша додаде дека таквата изјава нема оправдување, дури и ако е дадена под дејство на дрога, во состојба на наркомански делириум, потенцирајќи ги пороците на Лукас.

Фолкерот се уште не се огласил со контра реплика кон напишаното од неговата колешка!?

Фото: Инстаграм принтскрин/aca_lukas.fp/karleusastar

To top