Финалето на „Ѕвездите на Гранд“ ќе се одржи на 26.06, а публиката ќе биде таа која ќе одлучи кој ќе победи.
Пејачката Ана Бекута вели дека еден од нејзините фаворите е токму кандидатка од нејзиниот тим.
„Ние сега се препуштаме на публиката и гласовите, ние се обидовме да го одбереме најдобриот. Мислам дека публиката знае да процени и да го донесе вистинскиот суд“, а на прашањето дали има фаворит, таа вели:
„Не сакам тоа да го коментирам, но мојата кандидатка може да биде фаворит. Ивана Богиќевиќ е многу необична, има необичен репертоар, а знае и многу добро да пее“, изјави Бекута.
Иако следува летна пауза, Ана откри дека не знае дали ќе остане во жирито.
„Не знам дали ќе бидам во следната сезона, тоа зависи од договорот и од Саша Поповиќ. Секако мислам дека ќе останам“, изјави пејачката.
Инаку, се зборуваше дека можеби и Марија Шерифовиќ ќе го напушти музичкото шоу, но таа истакна дека по финалето ќе имаат состанок, па тогаш ќе види што ќе се случи.