Љубов и Секс

Експерт открива: Ова е „највознемирувачката“ причина зошто жените не сакаат интимен однос

Експерт открива: Ова е „највознемирувачката“ причина зошто жените не сакаат интимен однос

Што е проблемот?

Експертот за секс од Сиднеј, Надија Бокоди, откри „вознемирувачка“ причина зошто жените не сакаат секс. Па, дали се согласувате со нејзиното тврдење?

Писателката и експерт за секс, која има повеќе од 59.000 следбеници на Instagram, се осврна на нејзината кариера како колумнист, како и на сите коментари и навреди што ги доживеа откако се осмели да признае дека ужива во сексот.

Надија вели дека многу жени ја потиснуваат својата сексуалност, од страв од тоа како мажите ќе се однесуваат кон нив – што доведува до мит за ниско женско либидо.

– Жените се научени да ја потиснуваат оваа страна од себе. А, некои од нас стануваат толку добри во гушење на нашата желба, што на крајот успеваме да ја изгаснеме – објаснува таа.

Па, што може да се направи за да се подобри вашиот сексуален живот?

За да ја подигнете сексуалната желба, редовно практикувајте мастурбација.

– Најдоброто нешто што можете да направите за повторно да го подигнете либидото е редовно да практикувате мастурбација. Некои жени толку долго ги игнорираат своите сексуални сигнали, дури и не знаат како се чувствуваат, но мастурбацијата може да ви помогне да го запознаете вашето тело – вели Надија.

извор: попара.мк

To top