Живот и Стил

Дали имате страв од возење што не можете да го објасните? Ова е најверојатно вашата дијагноза

Дали имате страв од возење што не можете да го објасните? Ова е најверојатно вашата дијагноза

Постојат два збора кои го објаснуваат стравот од возење или управување со моторно возило.

Првиот е вехофобија и се однесува на стравот од активно возење. Латински „вехо“ значи возење.

Фобијата да се биде во автомобил е амаксофобија. Тоа подразбира самиот процес на возење, како и возење во автомобил или некоја друга форма на превоз како патник. Етимолошки, зборот потекнува од грчките „амаксос“ (кочија) и „фобос“ (голем страв, фобија).

Причините за овие стравови можат да бидат сообраќајна несреќа, но исто така и неопределен страв од возење, патување или моторни возила.

Симптомите на луѓето кои страдаат од амаксофобија вклучуваат потење, вртоглавица, стомачни тегоби, стегање во градите, забрзано чукање на срцето, нагон за плачење или крик, мускулна напнатост и паника, според прегледот на ХАК.

Овие непријатни чувства честопати се придружени со негативни мисли, грижи, несигурности, страв и очекување на опасност.

извор: Курир.мк

To top