Првиот пијано маратон на македонската музичка сцена „8 ЧАСА ЉУБОВ – ПИЈАНО МАРАТОН“ во продукција на Пијано Центре ќе се одржи в недела на 06.06.2021 година.
Вратите од салонот на Пијано Центре во склоп на Национална Опера и Балет ќе бидат отворени за сите вљубеници во пијанизмот.
Започнувајќи во 11 часот со експозе, промоција и презентација на новите пијана во Пијано Центре, па се до 19 часот публиката ќе има можност да слушне 10 концерти (полу рецитали) на 13 пијанисти, соопштуваат организаторите.
За прв пат, промотивно на нови концертни пијана,во различни термини маратонски ќе настапат врвните пијанистички имиња: Марија Ѓошевска, динамичното трио „ТРИПТИХ“ – Марија Вршкова; Елана Атанасовска – Ивановска и Сара Пројковска; Дино Имери; пијанистичкото дуо: Емилија Маринова и Верица Шотарова; и Андреј Наунов, како и младите виртуози: Милан Дучевски, Гоце Златев, Инес Неделковска, Горјан Стојановски и Виктор Рафајловски.
Влезот е слободен, но ограничен според протоколите на здравствената организација.