Современото доба донесе многу позитивни работи, но во трката за модерен начин на живот, ние ги заборавивме вистинските вредности што некогаш биле негувани, особено во машко-женските односи.
Ова се однесува на убавото однесување што ги прави мажите мажи. Еве што жените наведуваат како три најлоши карактеристики на современите „фраери“:
Еден од нивните главни проблеми е слабата комуникација со жените. Сè повеќе млади мажи практикуваат повремено излегување со девојки, без обврски. И, функционира одлично кога се заедно, но потоа не се појавуваат со денови, до следната прилика.
Денешните млади се многу неодлучни во апсолутно сè. Во ветувања, комуникација, размислување и постапки.
Често ќе слушнете од нив дека не се подготвени за врска. Во ред би било партнерите да го кажат тоа на почетокот, но тие често чекаат да помине некое време за да се изјаснат дека врската не е за нив.
извор:попара.мк